Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено, потврдија од СВР Штип.
– Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Според информациите на Инфомакс лицето е во критична состојба, а во него биле истрелани повеќе куршуми.



