Министерството за култура соопштува дека македонскиот павилјон на Венециското биенале за архитектура во 2025 година е препознаен како еден од 10-те најзначајни павилјони меѓу вкупно 66 учеснички земји, според реномираниот портал Artribune. Во изложбениот простор Арсенале, Македонија се претстави со проектот “Strada Brutalissima”, под кураторско водство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ. Проектот иницира важен дијалог околу архитектонското наследство, солидарноста и визијата за похумано општество. Овој павилјон не е само приказ на бетонски структури и облици – тој претставува прошетка низ минатото, меморијата и колективните надежи. Гордост ни е да го видиме достигнувањето на нашите автори и сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, кој достоинствено ја прикажува Македонија на светската културна сцена.
The post Македонскиот павилјон на Венециското биенале постигнува значителен успех appeared first on 365.mk.



