„Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девојка од странство, која оставила податоци како да ја најдеме. Се инспирирав од летни мотиви, а камчињата ги оставав по плажите на првиот крак, но и скришно ги подметнував под пешкири на деца кои многу се радуваа кога ќе ги најдат“ – Тања од Скопје си нашла забавно хоби на одморот летово и усреќила многу туристи.
Тања Трајковска од Скопје работи како сметководител скоро 20 години, а заедно со сопругот Томислав и двете деца Даријан (16 години) и Ивана (11 години), летово биле на одмор во Полихроно.
Додека нејзините деца се занимавале на свој начин, а сопругот ловел риба, таа си нашла интересно хоби и почнала со специјални фломастери да исцртува камчиња и да ги остава по плажа.
Иако вели дека нема посебен талент, сепак камчињата се мини ремек-дела кои ги усреќувале случајните минувачи по плажите кои ќе ги најдат.
Повеќе на crno belo mk



