Цените во регионот се драстично помали во споредба со цените во Македонија. Пред некој ден на социјалните мрежи беше објавена фотографија од цреши, а цената за килограм од слаткото задоволство е 1.350 денари.
Редакцијата на Инфомакс доби фотографии од цените во маркет во Хрватска, кои не можат ни да се споредат со цените во Македонија. Зеленчукот и овошјето се по 2 до 3 евра, лебот, млекото, солта, брашното се по помалку од едно евро, зејтинот е три евра, а лубеницата која во Македонија е над 250 денари за килограм овде е околу евро и пол.
Погледнете ги цените во продолжение:






















