Врие од полиција и противпожарни возила во Пинтија, спроти ОХИС, поточно кај салонот за мебел Андро промет.
Истечена е непозната материја, според неофицијалните информации не се работи за материја истечена од ОХИС, меѓутоа повеќе противпожарни возила се на терен заедно со полиција. Сообраќајот засега не е запрен.
Официјални информации се уште нема. Во околината имало непријатен мирис, велат за Инфомакс луѓе кои поминуваат од местото на настанот. Истечена е поголема количина од непознатата течност.



