Се излеал резервоар со хемикалии: Хаваријата во Пинтија е од приватна компанија!

Хаваријата во Пинтија е предизвикана од приватна компанија за производство на стиропор и ќеси. Според информациите на Инфомакс се излеал резервоар за хемикалии за производство на стиропор и ќеси.

На местото на настанот се екипи од Град Скопје, противпожарни единици и МВР. За Инфомакс од Град Скопје велат дека за ова следува казна од 95.000 евра. Шетатата по животната средина ќе ја утврдува овластен инспектор. На терен е и градоначалничката Данела Арсовска.

Во околината има неподнослив лош мирис.

Претходно од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: