(Фото+видео) Дојава за бомба за време на концерт во СЦ Јане Сандански!

Дојава за бомба во спортскиот центар Јане Сандански вечерва е пријавена до МВР, дознава Инфомакс од сопствени извори.

Од МВР го потврдија настанот.

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи.

 

Дојава за бомба во Јане Сандаски за време на концерт на Пеџа Јовановиќ.

Posted by INFOMAX.mk on Thursday, May 15, 2025

Пронајдете не на следниве мрежи: