Трајко Славески е предлогот на претседателката на Гордана Сиљановска-Давкова за избор на нов гувернер, а неговиот избор се очекува да биде потврден на собраниската седница закажана на 3 јуни. Левица и СДСМ најавија дека нема да го поддржат предлогот, меѓутоа владејачкото мнозинство само по себе е доволно за да го назначи Славевски за нов гувернер.
„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, рече тогаш Славески во интервју за „ТВ24“.
Основната бруто-плата на Славески би била 202.097 денари. Но, овој износ се намалува за 32,33 проценти, колку што секој вработен издвојува за плаќање на социјални и пензиски придонеси. По сето ова, нето-платата на идниот гувернер ќе биде околу 137.000 денари.
Сепак, платата на досегашниот и на идниот гувернер била пет пати повисока од минималната плата, со која голем дел работници преживуваат цел месец.



