недела, 29 ноември 2026
Најново

Трамп ѝ се заканува на Европската Унија со царини од 50 проценти: „Основани сте за да ја експлоатирате Америка“ (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на царини од 50 проценти кон Европската унија од 1 јуни.„Европската Унија, која беше основана првенствено со цел да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните силни трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, монетарни манипулации, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго, доведоа до трговски дефицит со САД од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива“, започна Трамп.Потоа кажа каков е неговиот план!„Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа препорачувам воведување на рамна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производите што се произведуваат или склопуваат во Соединетите Американски Држави, царината не се применува. Ви благодарам за вниманието“, напиша Трамп.

Поврзани вести