АЛФРЕДО ПАСТА СО ПИЛЕШКО: Кремаста и сочна, вака ја прават Италијанците

Потребно е:

300 г таљатели300 г пилешко филе200 мл павлака за готвење100 г рендано пармезан сирење50 г путер2 чешниња луксол по вкусбибер по вкуссушен магдонос за посипување (по желба)

Подготовка:

Сварете ги тестенините. Растопете го путерот во голема тава на средна температура. Додадете ситно сечкан лук во тавата и пржете го неколку минути. Додајте ги исечканите пилешки филети во тавата. Пржете ги околу 5-7 минути додека не се испржат целосно и не добијат убава златно-кафеава боја. Додајте ја павлаката за готвење во тавата. Измешајте ги сите состојки за да се соединат. Додадете го ренданиот пармезан. Продолжете да мешате додека пармезанот не се стопи и сосот не стане кремаст. Посолете го и зачинете го сосот по вкус, па додајте ги таљателите и добро измешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи: