ТРИЛЕЧЕ: Сочен десерт со млеко кој се топи во уста, совршен за сите свечени прилики

Ви треба:

6 јајца1 чаша шеќер2 чаши брашно1 кесичка прашок за пециво1 л млеко1/2 л павлака500 гр карамела за трилече

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете ги белките додека не се стегнат. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот. Соединете ги жолчките и белките, па додајте ги брашното и прашокот за печиво и убаво изматете. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени. Испечената кора избоцкајте ја со чепкалка за заби. Загрејте ја слатката павлака, па одозгора ставете ја превртената кора и прелијте со млекото. По 5 минути премачкајте ја тортата со карамела.

Пронајдете не на следниве мрежи: