Доколку не сте љубител на спрејови против комарци купени од продавница кои содржат бројни вештачки состојки, направете го вашиот спреј против комарци за себе и за вашето семејство, користејќи целосно природни состојки. Еве рецепт за спреј против комарци кој е готов за кратко време и, што е најважно, навистина делува.
Состојки:
30 капки есенцијално масло од чајно дрво
10 капки есенцијално масло од гераниум
5 до 10 капки есенцијално масло од лимон, лимонова трева, рузмарин или лаванда
1 лажица растителен глицерин (по желба)
дестилирана вода
шише со распрскувач (максимум 2 дл)
Подготовка:
Измијте го шишето со распрскувач со топла вода.
Додадете во него масла од чајно дрво, гераниум и други есенцијални масла.
Додадете глицерин и наполнете го шишето речиси до врвот со вода.
Затворете го шишето и добро протресете пред употреба.
Ставете го репелентот во вашата чанта и прскајте ја кожата на телото секогаш кога ќе се сетите.
Совет:
Наместо есенцијално масло од гераниум, можете да користите и масло од лимон и еукалиптус
Глицеринот ја храни и штити кожата од иритација, но ако не го сакате, отстранете го од листата.
Пронајдете не на следниве мрежи:


