Ви треба:
300 г јагоди250 мл слатка павлака150 г крем сирење150 г мелен бисквитнане за декорација1 лажица мед
Подготовка:
Исечкајте ги исчистените и измиени јагоди на поголеми парчиња. Изматете ја добро изладената павлака додека не стане цврста, додадете го крем сирењето и медот и повторно матете кратко за да се соединат состојките. Подгответе чаши или чинии и ставете една и пол лажица мелени бисквити на дното од секоја, потоа една и пол лажица од смесата од крем сирење и павлака, па наредете ги сечканите јагоди. Врз јагодите ставете уште мешавина од крем сирење и павлака, па повторно наредете ги јагодите и декорирајте со нане. Ставете го десертот во фрижидер и оставете го најмалку еден час.
Пронајдете не на следниве мрежи:


