ДОМАШНИ МЕДЕЊАЦИ ПОДОБРИ ОД КУПЕЧКИТЕ: Совршено одат со кафе или чај

Ви треба:

6 лажици мед100 г шеќер во прав3 јајца50 г брашно3 мелени каранфилчињалажичка циметлажичка сода бикарбона4 лажици сечкани ореви

Подготовка:

Изматете две јајца, жолчки и шеќер додека не добиете пена, додадете мед, каранфилче и цимет, и измешајте сè заедно. Потоа додадете го брашното измешано со сода бикарбона и месете додека не се добие мазно тесто. Развлечете го тестото на набрашнета работна површина со дебелина од околу пет милиметри. Користете тркалезен калап за да исечете помали колачиња, премачкајте ги со белка од јајце и наросете ги со сечкани ореви или гранулиран шеќер. Наредете ги на намастен плех за печење и печете околу 25 минути на средна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: