Учениците експресно се собраа и го исчистија струмичкиот плоштад

Кога се сака – се може.

По јасно издадениот АПЕЛ, за помалку од еден час, учениците, наставниците и директорите се организираа, се вратија на градскиот плоштад и ја исправија грешката. Плоштадот повторно е чист, достоинствен и онаков каков што му прилега на Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Ова ме радува.

Ова покажува дека имаме млади генерации кои знаат да препознаат одговорност, да ја прифатат и да постапат.

🎓 На сите полуматуранти им посакувам здравје, среќа и успех.

Нека израснат во чесни и одговорни граѓани, нека бидат пример и надеж за иднината на државата.

🔴 Не може да има слобода без ред.

🔴 Не може да има прослава без почит.

Струмица расте кога младите учат што значи ред, дисциплина и заедништво.

Ова е патот на напредокот – кога грешката не се крие, туку се исправува. Кога младоста не се расфрла, туку се насочува.

📍 Денес сум горд.

📍 Ова е генерација што положи важен тест – и за себе, и за својот град.

Во Струмица има ред. И така ќе остане. – објави Костадинов.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: