Избегнував да ја коментирам трагедијата во Кочани, но “будалаштините” направени од страна на Мицкоски едноставно не оставаат простор за некаков “нормален” тек на сите процеси поврзани со оваа трагедија.
А многу убаво ти кажав Христијан дека требаше веднаш да си дадеш оставка од морални причини за да може да се заврши истрагата без последици врз ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.
Но тебе ти е поважно да бидеш на власт по секоја цена.
Ете дојде време и колегата Нацев го жртвуваш за тој твој интерес откаконпретходно го наведе во белја.
А нели агенцијата за обезбедување нема врска со тебе и партијата?
И СЕГА ХРИСТИЈАН, ЌЕ СИ ДАДЕШ ЛИ ОСТАВКА? Или и тоа што го изјави пред неполни 3 месеци е само еден обичен лажлив ПР со кратки нозе.
Христијан, биди еднаш политички маж и преземи ја одговорноста како политичка, така и за јавно даденото ветување и ПОДНЕСИ ОСТАВКА ОД ДРЖАВНИТЕ И ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ.



