Најбрзиот колач од јаболки кој ќе ве воодушеви: Совршен десерт за кога немате време

Секој што подготвува храна за семејството знае колку е важно да се смисли „брз рецепт“, особено за десерт. Сега ви ја пренесуваме најбрзата торта со јаболка.

Состојки:

2 јаболка3 јајца250 гр шеќер200 мл масло500 мл млеко500 гр брашно1 кесичка прашок за пецивоцимет (по желба)

Подготовка:

Измешајте ги јајцата и шеќерот во голема чинија. Откако ќе се соединат, постепено додавајте го маслото и млекото со постојано мешање. Брашното заедно со прашокот за печиво просејте го, па додадете го во садот со јајцата и нежно измешајте со шпатула. Ако одлучите да додадете цимет, сега е време да го сторите тоа.

Излупете ги јаболката, исечете ги на парчиња со саканата големина и додајте ги во смесата. Добро измешајте сè, па истурете во плех и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути или додека колачот не порумени.

Кога колачот е готов, посипете го со шеќер во прав, исечете го на парчиња и готов е за послужување.

Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: