Само неколку часа по ужасниот масакр во средното училиште „Драјершиценгасе“ во Грац, австриските медиуми почнаа да ги откриваат првите информации за сторителот на ова беспреседан злосторство.Според весникот „Кронен Цајтунг“, осомничениот е 22-годишен австриски државјанин по име Артур А., кој во вторник наутро дошол во своето поранешно училиште вооружен со пушка и пиштол, убивајќи најмалку десет лица пред да си го одземе животот во училишниот тоалет. Уште 12 лица се борат за живот, а полицијата сè уште се обидува да ги расветли околностите на нападот.
Immer mehr Details über den Amok-Täter von Graz: Bei dem Schützen soll es sich um Arthur A. handeln, einen 21-jährigen Österreicher aus einem Vorort von Graz. Erste Fotos zeigen den späteren Täter.https://t.co/4OxFTRBpFq pic.twitter.com/lObib7uCJY— Kronen Zeitung (@krone_at) June 11, 2025
Според информациите од истрагата, во неговиот стан е пронајдена бомба во облик на цевка, како и видео за збогум кое, очигледно, ѝ го испратил на мајка си непосредно пред нападот. Снимката е отворена само 24 минути откако нападот веќе бил во тек.Иако австрискиот закон строго го регулира објавувањето на лични податоци во вакви случаи, „Кронен цајтунг“ наведува дека напаѓачот живеел со својата самохрана мајка во предградието на Грац, додека неговиот татко бил по потекло од Ерменија.Полицијата сè уште истражува што го мотивирало Артур А. на овој невиден чин на насилство, кој ја потресе цела Австрија. Во меѓувреме, безбедносните мерки се зголемени во сите училишта во регионот, а уште една образовна институција добила закани, што дополнително ја вознемирува јавноста.



