Денес, најмалку 61 лице беше убиено во израелските напади врз Појасот Газа, од кои 31 загинаа додека барале хуманитарна помош.Овие податоци ги објави Министерството за здравство на Газа.Болницата „Ал-Шифа“ во Газа потврди дека примила 27 тела, додека седум пристигнале во „Ал-Авда“ во Нусејрат, две во „Акса“ во Деир ал-Балах и 25 во болницата „Насер“ во Кан Јунис.Во соопштението, Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа изјави дека израелската армија „намерно создава хаос во Појасот Газа со спроведување политика на гладување и намерно таргетирање и убивање на гладни луѓе кои бараат храна“.„Ова беше постигнато преку директни, често намерни, а понекогаш и случајни, убиства од страна на квадрокоптери, хеликоптери или тенкови, насочени кон млади мажи, стари лица и деца кои брзаа да добијат каква било достапна помош за да ги прехранат своите деца и семејства“, се вели во него.
Пронајдете не на следниве мрежи:



