Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за кривично дело Насилство, откако на почетокот на мај му се заканувал на наставник во основно училиште во градот и искршил дел од инвентарот, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавениот упатувал закани наставник во училиштето, а оштетил и дел од инвентарот“, пишува во полициското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: