Медведев: Заканата од нуклеарен конфликт е реална

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес оцени, во врска со израелскиот напад врз Иран, дека заканата од нуклеарен конфликт е реална, но дека никому не му е потребна.

„Често ме обвинуваат дека поттикнувам нуклеарна хистерија. Еве! Кога пишувам за нуклеарен конфликт, не е само тоа. Тој е реален. И брз. Никому не му е потребно тоа“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција во текот на ноќта во која воздухопловните сили напаѓаа воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи: