Израел ги затвора дипломатските мисии низ целиот свет

Израел ќе ги затвори своите дипломатски мисии низ целиот свет и нема да обезбедува конзуларни услуги.Оваа информација стигнала до неколку амбасади низ целиот свет, а ја објави и Министерството за надворешни работи на Израел.Не беше наведено колку долго ќе бидат затворени претставништвата, но беше посочено дека одлуката доаѓа по ескалацијата на конфликтот со Иран.Издадени се безбедносни упатства, вклучително и упатства за избегнување на прикажување еврејски или израелски симболи во јавноста, за воздржување од објавување детали за локацијата на социјалните медиуми и за избегнување големи собири поврзани со Израел или еврејските заедници.„Во случаи на изложеност на непријателска активност, на Израелците им се советува да соработуваат со локалните безбедносни сили и да ги следат нивните упатства“, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: