сабота, 28 ноември 2026
Најново

Турција: Се урнаа два балони на топол воздух, едно лице загина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Два балони на топол воздух се урнаа во централна Турција во неделата, при што едно лице загина, а 19 се повредени, според извештаите на локалните медиуми.Несреќата се случила во близина на долината Ихлара во покраината Аксарај, објавија приватната новинска агенција Илхас и други медиуми.Засега не е позната причината за падот на балонот, ниту пак идентитетот на починатото лице и повредените, ниту нивната националност.Патем, возењето со балони е вистинска туристичка атракција на Кападокија во Турција.Регионот Кападокија е место каде што убавината на природата и историјата се спојуваат, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот.

Поврзани вести