(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти чинат по 500.000 евра!

*Објава на Левица Битола

КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО – ПАТЕКИ ЗА 500.000 ЕВРА – УШТЕ ЕДНА ЛАГА ВО НИЗА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Битолчани добија велосипедски патеки кои повеќе личат на опасни замки отколку на инфраструктурен напредок. За проект вреден околу 500.000 евра, граѓаните добија само прекопани тротоари, обележани со неквалитетна црвена боја, што наместо да ја зголемат безбедноста – ја загрозуваат и на велосипедистите и на пешаците.

Оваа вело-инфраструктура, која треба да ја поттикне алтернативната мобилност, всушност создаде екстремна небезбедност, конфузија и револт кај граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњановски, со ова, уште еднаш ги разочара битолчани, продолжувајќи ја праксата на шминкерски, но неупотребливи проекти, кои се далеку од вистинските потреби на градот.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: