Владата има на располагање конкретни механизми за борба со високите цени, но не презема ништо, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „360 степени“.„Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи,“ истакна Битиќи.Како клучен неискористен инструмент го посочи Законот за нефер трговски практики, кој според него, требало веќе одамна да биде во примена.„Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите “, рече Битиќи.Тој додаде дека нема никаква разрешница, иако законот предвидува високи казни, а моралните повици не функционираат никаде во светот.Во однос на високите цени на храната, тој изрази сомнеж во оправданоста на поскапувањата.„Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството да биде три пати пониска од кај нас. Увозната и малопродажната цена кај нас се со огромна маржа“, рече Битиќи.Пратеникот од СДСМ нагласи дека Владата има одговорност да реагира.„Тука е Владата да интервенира преку Државниот пазарен инспекторат и преку мерки кои можеби не се идеални според логиката на пазарната економија, но во одредени ситуации се нужни“, рече Битиќи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



