Трамп закажа средба во Белата куќа со командантот на пакистанските вооружени сили

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп денеска во Белата куќа закажа ручек со командантот на пакистанските вооружени сили Асим Мунир, според официјалниот распоред на Трамп.

Пакистанското Министерство за надворешни работи и прес-службата на пакистанската војска не одговорија на барањата за коментар за средбата во Белата куќа, а се уште не е познато што ќе се разговара за време на ручекот, кој е затворен за медиумите, пренесува Ројтерс.

Трамп минатиот месец рече дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот по разговорите со посредство на Вашингтон и дека борбите завршиле откако тој ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.

Пронајдете не на следниве мрежи: