Брлогот со емотивен статус за неговата внука која загина во Пулс: ВИЕ ми ја ИЗГОРЕВТЕ внуката! И ми велите да не барам правда?

За мојата внука Моника…

Внуката што со срце и душа се запиша на факултет за БЕЗБЕДНОСТ, внуката што сонуваше за правда и чесна работа. Јас и реков: Моника, таму нема место за чесни(верувај ми на прсти се бројат чесните – а нечесните се трудат да ги убијат чесните) се е корумпирано, МВР е приватна фирма…. Ама таа не сакаше да верува.

Помина низ години на студии, дипломираше на криминалистика… И еден ден ми се јави:

Вујче… за жал, во се беше во право. Ова не можам да го поднесам. Јас никогаш нема да работам во вакво МВР. Згрозена сум.

Ми рече дека уште од мала сакаше правда, и дека се што видела – и на факултет, и на пракса – ја натерало да се оддалечи од тој систем.

Ме избра мене, ме избра, никогаш не сум ја лажел, ја избра вистината. Ми рече: Секогаш ќе бидам на твоја страна. Ќе уживам со мама, ама знај дека за секоја неправда ќе ти се јавувам. Ти барем никогаш не молчеше.

А вие?

ВИЕ ми ја ИЗГОРЕВТЕ внуката!

Вашиот распаднат, корумпиран систем и ја одзеде мајката на мојата правнука! И ми велите да не барам правда?

Голема грешка сте.

Јас не само што ќе се борам, туку ПАТ ќе им направам.

Ако треба – нека ми е последно во животот.

Ама знам едно:

Кога ќе се сретнеме таму горе… таа ќе биде ГОРДА на мене.

Пронајдете не на следниве мрежи: