На денот кога требаше да поднесе отчет за својата работа во првата година на власт, Мицкоски реши да зборува за трагедијата во Кочани, користејќи ја како предизборна кампања, обвинуваат од СДСМ.„Одвратно е што Мицкоски зборува за некаква загриженост, за лажна емпатија и за наводниот план што го имал за Кочани, додека денес неговите пратеници во Собранието одлучија да го блокираат Законот за поддршка на родителите на загинатите и повредените во кочанската трагедија.“Срамно е Мицкоски, што зборуваш за правда, кога се криеш четири месеци и на секој можен начин се обидуваш да ја отстраниш одговорноста од твоите партиски кадри. Срамно е што Мицкоски зборува за одговорност без селективност кога целата Македонска јавност виде дека токму неговата партија добила донации од осомничените во трагедијата.„Обвинителите работат под притисок за случајот Кочани и тоа е јасно. Секој пат кога обвинителите најавуваат проширување на истрагата, Мицкоски зборува за нивно разрешување и за нивната одговорност“, велат од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



