Мосад најави дека ќе продолжи со разузнавачки операции во Иран

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе продолжи да дејствува во Иран и по војната, изјави нејзиниот шеф Дејвид Барнеа, цитиран од ДПА. Тој им се обрати на агентите во ретка видео изјава.

 „Ќе бидеме таму, како што бевме таму и претходно“, рече Барнеа, осврнувајќи се на операциите на иранска територија. „Би сакал да ви кажам дека сè е завршено, но не смееме да заборавиме дека сè уште има 50 заложници во Појасот Газа – 30 мртви тела и 20 киднапирани живи – и наша морална должност е да ги вратиме“, нагласи Барнеа.

За време на конфликтот, иранските власти извршија серија апсења, притворајќи бројни лица обвинети за шпионажа за Мосад, потсетува ДПА.

Пронајдете не на следниве мрежи: