„Ќе умреме!“ врескаат деца – додека автобус што вози со голема брзина се судри и паѓа во река во Англија

Шокантни моменти се снимени во автобус во Истли, Англија, каде неколку ученици врескале од ужас кога возилото со голема брзина излетало од патот и завршило во река.Според доказите, сопирачките на автобусот откажале откако се заглавила педалата за гас, а претходно удрил во друго возило.Внатре во возилото имало студенти од локален колеџ, кои извикувале „ќе умреме“ додека автобусот неконтролирано забрзувал.Околу 20 млади луѓе беа повредени, додека пет лица, вклучувајќи го и возачот, беа однесени во болница – двајца од нив во сериозна, но не опасни по живот состојба.Сведок изјавил дека прозорците на автобусот биле скршени и дека внатре имало само деца, а немало други возрасни освен возачот.Според него, било чудо што никој не претрпел фатални повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи: