Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и Руската служба за надворешно разузнавање

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, објави дека разговарал по телефон со директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.

Според него, Ратклиф и тој се согласиле да продолжат со контактот. „Разговарав по телефон со мојот американски колега и се согласивме дека можеме да се јавиме во секое време и да разговараме за прашања од нè интерес“, изјави Наришкин за телевизијата „Русија 1“.

На 23 јуни, Наришкин изјави дека неговиот контакт со Ратклиф може да се организира кога е потребно.

Пронајдете не на следниве мрежи: