НАСА откри планета стопати поголема од Земјата и потенцијално погодна за живот!

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА откри планета наречена TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, околу 100 пати помасивна од Земјата и сместена во потенцијално погодна за живот зона.

Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживее живот. Планетата орбитира околу млада црвена џуџеста ѕвезда, TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува ABC News.

Ова е првата директна слика на планета со вселенскиот телескоп „Веб“, користејќи техника со висок контраст што овозможува бледи објекти да се видат покрај светли ѕвезди. Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за формирањето и структурата на планетарните системи.

Пронајдете не на следниве мрежи: