Јакимовски: Балтазар премиерот мислел, мислел и смислил, не решение за младите, туку ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ!

*Објава на Фејсбук на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски

Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! 💸🤦‍♂️

Бројот на ученици е намален за 17.000. Аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација!

И Балтазар премиерот мислел, мислел, мислел… и смислил: не решение за младите, туку ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ!

Да, баш така. Не е скеч, не е пародија. Ова е реалност!

А да воведеме:

▪️ Данок на изгубени премиери?

▪️ Данок на купени дипломи?

▪️ Данок на партиски вработувања без грам знаење?

▪️ Данок на фалсификувани сертификати?

Очигледно Балтазар се инспирирал од Отоманската империја, каде имало даноци за сè – па и за неженети и вдовици.

Па што фали? Да воведеме уште некој данок. Да не остане млад човек во државава!

Оти тие што се во партија, и да не сакаат – ќе ги оженат. Ќе ги вработат. Ќе им дадат диплома. Ќе им го наплатат животот од ќош.

Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија! 👏

#ДаночнаРеволуција

#БалтазарВоВлада

#ГенијалностБезГраници

#НародотНеЕГлуп

Пронајдете не на следниве мрежи: