Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случи денес во Мраморното Море покрај брегот на Силиври, во близина на Истанбул, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 14:24 часот по локално време, на длабочина од 12 километри, соопшти EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од Силиври и 47 километри југозападно од населбата Бујукчекмеџе, на западната периферија на Истанбул.



