Нов марш во Кочани: „Џабе стоиме, они се во апартманите во Грција“

Попладнево низ улиците на Кочани, родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, организираа нов протестен марш, со кој уште еднаш побараа правда, отчет и одговорност за изгубените животи на своите деца.

Маршот започна точно во 18 часот и пет минути.

Движењето започна од Паркот на револуцијата, а се одвиваше покрај трговскиот центар и општинската зграда, по што продолжи кон полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

„Немаме повеќе доверба во системот, но имаме должност кон нашите деца – да истраеме до крај“, велат родителите.

Со транспаренти, фотографии од загинатите и свирчиња тие ги исвиркаа институциите и повторно испратија порака дека нивната борба не е политичка, туку човечка и морална.

„Џабе стоиме…они си се во апартманите во Грција, џабе стоиме ние“, рече родителот кој го изгуби синот единец.

Ова беше 12-ти по ред, марш за загинатите во „Пулс“.

И следната сабота, родителите ќе одржат собир, кој има за цел да ги разбуди институциите и да им ги одговори прашањата.

Пронајдете не на следниве мрежи: