Апасиев: Командант на УЧК ѝ се заканува на градоначалничка, Тошковски си ќути

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку објава на социјалните мрежи ги обвини Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за молк и неактивност, откако, како што посочува, поранешен командант на УЧК ѝ упатил закани по живот и семејство на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Во земја-членка на НАТО, поранешни команданти на УЧК ѝ се закануваат на градоначалничка, а полицијата и обвинителството – мува не ги лази!?“, напиша Апасиев, додавајќи дека пред неколку месеци бил уапсен пијан граѓанин кој пцуел градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Апасиев ја искритикува власта за селективна правда и иронично го праша дали ова е „владеење на правото“ што го промовираат премиерот Мицкоски и министерот Панче Тошковски.

Ниту МВР, ниту ЈО сè уште не се огласиле по повод наводните закани.

Пронајдете не на следниве мрежи: