Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во Чучер-Сандево, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов отиде на дел од локацијата каде има пожар и порача дека нема простор за паника.
Локален жител го демантира.
„До пред малку гореше кај куќите и кај едната црква, многу беше лошо“ вели човекот кој учествува во гаснењето.
Претходно локалното население се обрати до Инфомакс бидејќи, како што истакнаа, немаат никаква помош и цел ден сами го гаснат пожарот. Тоа го потврди и Ангелов кој рече дека освен локалното население, две екипи на ТППЕ Скопје и Национални шуми, никој друг не помогнал.



