Екстремниот топлотен бран што ја погоди Европа минатата недела можеби предизвикал предвремена смрт кај околу 2.300 луѓе, според брзата анализа на британски научници од Кингс колеџот и Лондонската школа за тропска медицина.
Резултатите ги цитираа агенцијата Франс-прес и Би-Би-Си. Во меѓувреме, Европската метеоролошка служба Коперник денес соопшти дека во 2025 година, Западна Европа го доживеала својот најжежок јуни досега.
Студијата анализирала податоци од 12 градови (вклучувајќи ги Барселона, Мадрид, Лондон и Милано) каде што климатските промени предизвикале зголемување на температурите за четири степени Целзиусови во текот на 10 дена топлина; во некои земји во Западна Европа, температурите надминале 40 степени. Од 2.300 предвремени смртни случаи, околу 1.500, велат истражувачите, биле поврзани со климатските промени, кои ја интензивирале топлината.
Ова не е прва студија што го поврзува топлото време со зголемен ризик од смртност: според податоците од Европските институти за здравство, до 61.000 луѓе во Европа можеби починале во 2022 година поради исцрпувачката топлина.



