Активиран механизмот на ЕУ за заштита и спасување

Македонија го активира и механизмот на Европската унија за заштита и спасување.

Преку овој механизам, земјата бара помош од државите-членки на ЕУ во форма на воздушна поддршка, човечки капацитети и логистичка опрема, со цел побрза и поефикасна интервенција на терен.

„Од страна на Грција се дадени два канадери на испомош, ќе бидат ставени во функција, исто така и два пешадиски тимови се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен“, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој додаде дека отворена е предистрага за пожарите, бидејќи се сомневаат во одредено сценарио кое не го сподели пред новинарите.

Пронајдете не на следниве мрежи: