Бугарски историчар: Мицкоски не може да биде лав туку пародија на Вучиќ

Бугарскиот историчар и член на Бугарската академија на науките, Спас Ташев ја коментираше размената на невкусни зборови меѓу бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев и премиерот Христијан Мицкоски. Тој упати силни критики кон македонските власти и го нарече премиерот „глушец што сака да биде лав“. Ташев испрати и националистички пораки за Македонија, слично како што истакнаа дел од бугарските и грчките европратеници во ЕП при дебатата за Извештајот за напредокот на земјава кон ЕУ.

„Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид.

Пронајдете не на следниве мрежи: