Миграцијата во Европската Унија доведе до тоа населението да достигне рекордни 450,4 милиони луѓе минатата година, компензирајќи го природниот пад на населението четврта година по ред, покажаа податоците на ЕУ објавени денес.
Од 2012 година, во ЕУ има повеќе смртни случаи отколку раѓања годишно, па затоа миграцијата е единствениот двигател на растот на населението, објавува Ројтерс.
Овој тренд го истакнува демографскиот предизвик на Европа, бидејќи стареењето на населението и ниските стапки на фертилитет ги оптоваруваат системите за социјална заштита и создаваат недостиг на работна сила.



