Центарот за управување со кризи утрово сподели извештај за пожари на отворен простор.
Како што велат, во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари, од кои:
– Активни: 3
– Под контрола: 5
– Изгаснати: 30
Активни пожари има во: Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).



