Владимир Путин е искрен верник, човек на црквата, рече патријархот Московски и на цела Русија Кирил.
По службата по повод празникот на Светите апостоли Петар и Павле во Санкт Петербург, патријархот рече дека историската промена што се случила во животот на земјата по прогонот на црквата за време на СССР се манифестира не само во изградбата на илјадници цркви, туку и во православната вера на шефот на државата.
„Го преживеавме прогонот на атеистите и нашата црква се прероди, а со неа се преродува и нашата татковина. А на чело на државата е православен христијанин – Владимир Путин, не некаков имитатор на религијата на мнозинството, туку искрен верник, човек на црквата… Владимир Путин не се двоуми да дојде во црква или да се причести. Она што е важно за целиот народ е тоа што тој е добар пример за добар христијанин“, рече патријархот.



