Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп поради заложничка драма во градот.
Според неофицијалните информации лице со оружје држи во заложништво повеќе лица. На терен се повеќе полициски екипи, а согласно процедурите ќе биде испратен и преговарач. До овој момент немаме точни информации дали има повредени.
Засега од МВР ниту го потврдуваат, ниту го демантираат настанот. Инфомакс испрати прашање до портпаролката на СВР Битола, меѓутоа засега одговор не добивме.
Детали очекувајте за кратко на Инфомакс.



