Министрите од балканските земји го поддржаа членството на Украина во НАТО.Заедничко соопштение од самитот објавија Украина и Хрватска, по министерскиот состанок во Дубровник, објави Телеграф.Меѓу потписниците беа високи функционери од Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Романија и Словенија.Според соопштението, членството во НАТО останува „најдобрата исплатлива безбедносна опција за Украина“, објавува „Телеграф“.„Ниту Русија ниту која било друга држава што не е членка на НАТО нема право да стави вето на проширувањето на Алијансата“, се вели во соопштението.Декларацијата, исто така, го поддржа идното членство на Украина и другите кандидати во Европската Унија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



