СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата го одложува враќањето на ДДВ

Премиерот Христијан Мицкоски денес конечно призна дека државата со месеци доцни со поврат на ДДВ за компаниите и граѓаните, велат од СДСМ.„Ова е уште една потврда дека државата е трансформирана во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди телефонскиот број на партијата на премиерот.“Срамно е премиерот на една земја да им кажува на граѓаните и компаниите кои со месеци чекаат пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават“. Ова не е приватна компанија на Мицкоски, туку земја со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот.Додека компаниите чекаат пари за да исплатат плати и да преживеат, Мицкоски шета по автопатите и споделува изјави дека „немало никаков проблем“.„Најмалку што може да направи е да ги забрза плаќањата и да им се извини на сите на кои државата им должи пари“, велат од СДСМ.Тие велат дека граѓаните и бизнисите не му должат ништо на Мицкоски да го контактираат – тој им должи.

Пронајдете не на следниве мрежи: