Трамп ќе се сретне со премиерот на Катар за да разговара за прекин на огнот во Газа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со премиерот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал-Тани, за да разговараат за преговорите за договорот за прекин на огнот во Газа, објави новинарот на порталот „Аксиос“, Барак Равид.

Како што напиша Равид на „Икс“, Катар е клучен посредник во преговорите меѓу Израел и Хамас.

Тој додаде дека се очекува лидерите да разговараат за напорите за обновување на преговорите меѓу САД и Иран со цел постигнување нов нуклеарен договор.

Пронајдете не на следниве мрежи: