Три автомобили изгореа околу три часот по полноќ на паркингот на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром.
На терен интервенирале екипи од полицијата и Противпожарната бригада.
Засега не се познати причините за пожарот, се очекуваат повеќе информации во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.
Извор: Слободен Печат



