Македонија е на 38-то место меѓу земјите со најмоќни пасоши во светот
Според истиот индекс, Босна и Херцеговина е на 42-ро место, Србија на 34 место, а Црна Гора на 40-то место, додека Хрватска и Словенија го делат деветтото место.
Србија, со патување без виза или визи при пристигнување има можност за 138 дестинации од вкупно 227, според најновите податоци од индексот на пасоши Хенли, на чија листа од 99 земји Сингапур останува на врвот.
Граѓаните на Сингапур сè уште го поседуваат најмоќниот пасош во светот, со патување без виза на 193 од 227 дестинации.
На второ место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации, додека третото место го делат седум членки на Европската Унија – Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија, со по 189 дестинации.
Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, кои претходно беа меѓу земјите со најмоќни пасоши во светот (Обединетото Кралство во 2015 година и Соединетите Американски Држави во 2014 година), бележат пад и сега се наоѓаат на шестото и десеттото место, соодветно.
Британскиот пасош овозможува пристап до 186 земји, додека американскиот пасош важи за 182 дестинации.
На дното на листата е Авганистан, на 99-то место, чии граѓани можат да патуваат без виза само до 25 дестинации.
Следна е Сирија на 98-мо место со 27 дестинации и Ирак на 97-мо место со пристап до 30 земји.
Индексот „Хенли пасош“ го објавува консултантската фирма Хенли и партнерс, која дава совети во областа на државјанството и правата на престој.
Рангирањето се составува двапати годишно, во јануари и јули, и користи ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), следејќи го бројот на дестинации што носителите на пасоши можат да ги посетат без претходна виза.


