Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада. Даниела Николова од СДСМ ги поздрави мерките што го унапредуваат студентскиот стандард, посочувајќи дека ќе го поддржат законското решение, но ја критикуваше власта дека дури по една година се сетила на младите.
Законот за вредносни ваучери предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти.
Во рамки на 60-та седница пратениците ги донесе следниве закони – Закон за изменување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Пратениците во рамки на продолжението на 62-та седница го донесоа и Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.


